„Шкотска и ирска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – келтски дух, музика и традиционални специјалитети


Limak Skopje Luxury Hotel подготвува ново доживување за сите што трагаат по возбудливи вкусови и се подготвени да истражуваат различни национални кујни и култури. На 29 март во хотелот ќе се одржи „Шкотска и ирска вечер“ на која присутните ќе пробаат типични јадења од овие две земји и ќе се забавуваат со шкотските и ирските мелодии.

Дел од менито ќе бидат шкотска пита со месо, риба и чипс на шкотски начин, шкотски ќофтиња и колбаси, ирски плескавици од компир, ирска говедска чорба, ирски леб со компир и лук, како и вкусен ирски десерт со чоколадо и традиционален шкотски десерт со малини. За подготовката на овие вкусни специјалитети ќе се погрижи искусниот тим на готвачи на Limak Skopje Luxury Hotel, додека понудата на пијалаци ќе вклучува и селекција на различни типови на виски од двете земји, познати по својата богата традиција на производство на овој пијалак.

Ирците и Шкотите се нарекуваат и сестрински народи затоа што освен заедничкото келтско потекло делат и други заеднички карактеристики. Меѓу нив се галскиот јазик, прекрасните природни пејзажи, но и ведриот дух, посебниот шарм и пријателски однос кон сите со кои стапуваат во контакт. Овие особини лесно се пронаоѓаат и во звуците на нивната традиционална музика, која ќе биде дел од специјалната „Шкотска и ирска вечер“, а во етно стил ќе ја изведува бендот „Lorekeepers Guild“.

Несекојдневната „Шкотска и ирска вечер“ ќе се одржи во 21 часот во Sky Lounge Bar на шестиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат сите дополнителни информации.