„Шкода“ го создаде најдолгиот трамвај во светот – ќе сообраќа во Мајнхам


„Шкода“ го произведе најдолгиот трамвај во светот, кој ќе сообраќа низ Манхајм, Германија.

Трамвајскиот модел ForCity Smart 38T е долг 60 метри и има шест делови или вагони. Неговиот капацитет е 368 патници, од кои 144 седишта, што е импресивен капацитет. Максималната брзина на овој трамвај со најсовремена опрема е 80 километри на час. Беше тестиран во Пилсен, Чешка.

Манхајм нарачал 12 трамваи од споменатиот модел од Škoda. Договорот за испорака е потпишан во 2018 година, а се работи за зделка вредна 250 милиони евра. Тогаш беше договорено трамваите да бидат со различна должина. Подоцна, германскиот град нарачал уште 34 трамваи од чешкиот производител.

Škoda ForCity Smart 38T е трамвај кој сообраќа во неколку други европски градови.