Шкода го намалува производството поради недостиг на компоненти од Украина
Чешкиот автомобилски гигант Шкода е принуден да го намали производството на автомобили поради критичниот недостиг на компоненти кои доаѓаат од добавувачите во Украина. Ова денеска го објави компанијата на својата веб-страница.
„Од оваа недела, Шкода беше принудена да го намали производството на патнички автомобили поради критичниот недостиг на компоненти кои доаѓаат од неколку добавувачи со седиште во Украина“, се вели во соопштението.
Намалувањето на производството особено ќе влијае на кросовер моделот Enyaq iV. Шкода, дел од меѓународниот производител на автомобили Фолксваген.
„Се надеваме на брз крај на непријателствата и враќање на патот за изнаоѓање решение за ситуацијата преку дипломатија“, соопшти компанијата.
Шкода очекува влошување на економските резултати поради новите антируски санкции. Рускиот пазар стана еден од главните приоритети на компанијата за 2021 година. Чешкиот производител испорача 90.400 автомобили во Русија.