Шест лица и тројца пожарникари пренесени во болница по пожарот во куќа во Кочани


Шест лица и тројца пожарникари завршиле во болница по пожар на куќа во Кочани.

Вчера во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Браќа Ставреви“ во Кочани, сопственост на Л.С.(62) од Кочани. На местото излегле полициски службеници од ОВР Кочани и екипи од Територијалната противпожарна единица Кочани. Пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад при гасењето во медицински установи за укажување на помош биле пренесени И.С., сопруг на сопственичката, А.С., К.С., В.Ш., О.С. и А.Д., кои помагале при гасење на пожарот, како и тројца пожарникари, информираа од полицијата за вчерашниот пожар во Кочани.