Шест деца загинаа во воздушен напад врз зграда во Газа


Шест деца загинаа денеска во израелски воздушен напад врз станбена зграда во градот Газа, објавија денеска палестинските медиуми, јави ДПА.

Неколку други лица се повредени, се вели во извештајот. Израелската армија соопшти дека ќе го истражи извештајот.

Израелската војска од понеделникот вечерта изведува тешки воздушни напади против Хамас и палестинската група Исламски џихад (ПИЈ).

Со ова практично заврши примирјето што беше во сила од 19 јануари. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за обновеното насилство.

Израелската армија соопшти дека повторно оперира со копнени трупи во неколку области на Појасот Газа.