Шерон Стоун со трик-тоалета на Кроазета: Важно е да е „Долче и Габана“
Франција– Филмската дива Шерон Стоун ја откри гламурозната фигура кога се појави на црвениот тепих за време на премиерата на „Forever Young“ на 75. Кански филмски фестивал во недела. Откако воодушеви во сино-бел фустан на Долче и Габана, 64-годишната актерка ги изненади сите присутни кога соблече едно парчеод колковите. Со мала асистенција од двајца манекени, кои и помогнаа да го соблече материјалот, таа остана во друга верзија на фустанот што ја истакна нејзината тенка линија.
Гламурозниот фустан имаше шлиц кој ги покажуваше нејзините неверојатно затегнати нозе и темно сините високи потпетици. Својот шик изглед го надополни со гламурозни обетки и беспрекорна шминка. Ѕвездата од „Raw Passions“ привлекува внимание каде и да се појави дури и во шестата деценија од животот, а титулата секс симбол ја доби уште во 1990-тите.
Претходно оваа година, Стоун во својата бестселер книга The Beauty Of Living Twice откри дека нејзиниот татко ја удрил со ремен и дека нејзиниот дедо сексуално ја нападнал. Освен тоа, актерката за американските медиуми ја открила траумата која ја доживеала во детството и како мажите и рекле да молчи и да биде добра девојка дури и кога работите се страшни, иако таа секогаш мислела дека тоа е далеку од нормално. Таа призна и колку е разочарана од фактот што од жените се очекува да бидат совршени и не треба да се жалат.
„Да се биде тивка, зависна, тивка девојка во никој случај не е здрава улога“, открила Стоун, признавајќи дека е горда на себе затоа што отсекогаш се потпирала исклучиво на себе и на своите инстинкти кои ги следела во животот.