Шемата за куклата „Барни“ на авторката ѝ донесе 200.000 долари за четири дена
Место сама да ги направи, им понуди на луѓето можност сами да плетат место неа и да продаваат.
Повеќе од 32.000 луѓе сакале да им исплете кукла „Барни“, која го прикажува познатиот американски сенатор од Вермонт на инаугурацијата.
Имено, во онлајн продавницата Etsy може да шест долари да купите упатство во PDF и да си направите кукла. Уште во првиот ден 20.000 луѓе го презеле прирачникот, пишува Startit.
The power of creators in the digital economy:
An Etsy Seller, TobyTimeCrochet, created a doll based on the Bernie Meme. A download of the pattern costs $5
It goes viral on IG and Twitter
Nearly 20k ($100k) patterns have sold in just 19hrs
Current run rate: ~$30/min pic.twitter.com/L55aQYJ039
— Digitally Native (@digitallynativ) January 23, 2021
Куклата ја осмисли Тоби, која од 2012 година се занимава со плетење. Две години подоцна на Etsy отвори својата продавница Tobey Time Crochet, на која во почетокот плетеше капи и шалови. Тогаш во 2016 година откри како да прави кукли и одлучи да ги исплете тогашните претседателски кандидати.
Оваагодина BuzzFeed ја објави и куклата од сенаторот Барни Сандерс. За нејзината работа пишуваа бројни медиуми, а нејзините кукли станаа популарни на онлајн платформата.
Очигледно свесна за моментот и фактот дека само не може да направи доволно кукли колку што се бараат, одлучи да оди чекор понапред и го прилагоди прирачникот за секој ам да може да си направи кукличка, со тоа што може и да ги продаваат само ако стои дека зад работата стои токму таа.
Повеќе десетици фотографии објавија купувачите коментирајќи дека кукличката не е така тешко да се направи, а кој доволно се извештил може и да заработи, затоа што ваквите куклички се продаваат за повеќе од десетина долари.