Шефот на инаугуративниот комитет на Трамп уапсен поради шпионажа за Емиратите


Том Барак шионирал во корист на Обединетите Арапски Емирати

Претседавачот на инаугуративниот комитет на поранешниот претседател Доналд Трамп за 2017 година беше уапсен под обвинение дека влијаел врз надворешно-политичките позиции на Трамп за да им користи на Обединетите Арапски Емирати и да изврши криминали што удираат „во срцето на нашата демократија“.

Том Барак, 74, од Санта Моника, Калифорнија, беше меѓу тројцата обвинети во федералниот суд во Бруклин, Њујорк, за заговор за дејствување како нерегистриран странски агент, бидејќи се обиделе да влијаат врз надворешната политика додека Трамп се кандидираше во 2016 година, а подоцна и беше претседател.

Барак беше обвинет за заговор, попречување на правдата и давање повеќе лажни изјави за време на интервјуто во јуни 2019 година со сојузни агенти за спроведување на законот. Исто така обвинети во обвинението за седум точки во федералниот суд во Бруклин се Метју Гримс (27) од Колорадо и Рашид Султан Рашид Ал Малик Алшахи (43) од Обединетите Арапски Емирати.

„Обвинетите во неколку наврати ги искористија пријателствата на Барак и пристапот до кандидат кој на крајот беше избран за претседател, високи службеници во кмпањата и во владата и американските медиуми за унапредување на целите на политиката на странска влада без да ги обелоденат нивните вистински верници“, се вели во соопштението на обвинителството.

Обвинителите рекоа дека Барак не само што се согласил да ги промовира интересите на надворешната политика на ОАЕ преку неговиот единствен пристап и влијание, туку исто така им обезбедил на властите на ОАЕ чувствителни информации за случувањата во администрацијата на Трамп – вклучително и што мислеле високи американски функционери за блокадата на Катар спроведена од ОАЕ и други земји од Блискиот исток.

Гримс беше уапсен во калифорнија и обвинителите бараат да остане во притвор без можност за кауција. (АП)