Северина за сопругот: Само тој ме гледа така

Регионалната поп-ѕвезда Северина на Инстаграм објави фотографии во бикини, а фановите ги разнежни со романтична порака за сопругот Игор Којиќ, која ја напишала покрај објавата.
„Вака само тој умее да ме насмее и да ме фотографира кога не гледам“, напишала и додала тагови.
Фотографиите за само половина час заработиле речиси 14.000 илјади лајкови, а фановите во коментари ѝ дале многу пофалби.
„Божица“, „Најубава и најзгодна, убавице“, „Совршена“, „Прекрасна“, „Многу згодна“, биле само некои од коментарите.
Облечена во дводелен костум за капење во сиви нијанси Севе покажала цврсти стомачни мускули, вити нозе и истренирана фигура. Пејачката и на 47 години е во топ- форма.
Во една пригода признала дека редовно вежба и дека внимава на исхраната, а открила и како најчесто ги топи килограмите.
„Аштанга јога ми е одлична и тие вежби ги сметам за најтешки вежби кои било кога сум ги пробала. Одлична е и за телото и за главата“, рекла Северина и додала дека во теретана оди најмалку три пати неделно.
Ѕвездата по тезгите низ Хрватска, беше на одмор и во турското летувалиште Бодрум. Претходно, од хрватскиот остров Шолта, Северина сподели фотографија со синот Александар за кого уште води битка со поранешниот партнер.