Северина во Струмица: Стил кој не излегува од мода
За настапот во Струмица, регионалната поп-ѕвезда Северина се фотографираше во романтична модна комбинација – здолниште со асиметричен крој и карнери во силна црвена нијанса, во комбинација со точкаста кошула.
Силната црвена нијанса веќе ја гледаме на модните парчиња од есенските колекции на познатите луксузни модни марки, како и во колекциите на омилените „хај стрит“ брендови.
Точкастите материјали пак, како изборот за оваа романтична кошула, остануваат во тренд и во претстојната сезона на постудени денови.
Хрватската поп-ѕвезда го заокружи изгледот со црни сандали и чантичка која привлекува внимание.