Септември е омилен месец за патување – понудата на турската ривиера високо на листите

Според последниот извештај на Европската комисија за патување (ЕТС), дури 77% од жителите на Европската унија планираат да патуваат во периодот од јуни до ноември


Трендовите за патување сѐ повеќе се менуваат. Според последниот извештај на Европската комисија за патување (ЕТС), дури 77% од жителите на Европската унија планираат да патуваат во периодот од јуни до ноември. Истражувањето покажува дека септември е омилен месец за патување. Дури 22% од испитаниците изјавиле дека го планираат својот годишен одмор токму во овој период од годината.

Плажа Олудениз, Фетије, каде се снимале сцени од филмот „Сина лагуна“ со Брук Шилдс

Според истражувањето, топ дестинации се медитеранските летувалишта поради продолжената летна клима, вклучувајќи го и прекрасното морско крајбрежје на Турција, каде топлото сонце и пријатно време се присутни до крајот на ноември. Притоа, турската ривиера нуди разновидна понуда во своите одморалишта, кои се комбинација од убава природа, историја и прекрасна кујна.

Антички град, Сиде

На Егејското море, понудата е разновидна, од Измир, полуостровот Чешме со неодоливото трио Чешме, Урла и Алачати, до Бодрум, Мармарис и Фетије. Сите тие изобилуваат со преубави плажи со Сино знаме, можности за истражување на подводниот морски свет, уживање во шармантните гратчиња, како и во многуте ресторани, кои нудат автентични турски мезиња, свежа морска храна или космополитски вкусови од целиот свет.

Бодрум, ноќе

Со 300 сончеви денови годишно и 233 награди за плажи со Сино знаме, Анталија е неизбежен кандидат за одмор за време на продолжената летна сезона. Дополнителен адут на овој регион се богатата историја и можноста да се истражуваат античките локалитети, почнувајќи од Перж до Аспендос. Но, Анталија се гордее и со некои скриени богатства за оние што бараат потивки места, како што се заливот Сазак и Порто Џеневиз.

Полнети школки, од гастрономско мени достојно за „Мишелин“

За време на продолжените топли вечери, туристите можат да уживаат во различни ноќни искуства низ оваа волшебна земја. Едно од нив е обиколката на музеи под ѕвездите, благодарение на проектот „Ноќни музеи“, кој им овозможува на посетителите да ги истражуваат културните знаменитости на Турција ноќе. Овој проект, минатата година привлече над 395.000 посетители на најважните места на културното наследство во земјата, вклучувајќи го Ефес во Измир и Хиераполис (Памуккале) во Денизли.

Турција нуди многу повеќе од само осветлени музеи по мрак. Така, покрај посетата на Археолошките музеи и кулата Галата во Истанбул, главниот град на Турција е домаќин и на разни вечерни настани, вклучувајќи прекрасни концерти, проекции во кино на отворено и извонреден ноќен живот. Ноќните крстарења исто така нудат едно од најуникатните искуства во Истанбул.

Ноќните авантури во егејскиот регион ги сочинуваат истражување на музеи доцна во ноќта, но и богата гастрономска сцена за незаборавни вечери под егејското небо, од традиционални меани, кои служат морска храна и мезе во егејски стил, до ресторани вброени во водичот MICHELIN. Добро е познат ноќниот живот во крајбрежните градови, особено во Бодрум, со клубови и барови, а за оние кои бараат поинакви искуства, достапни се крстарења на месечина и ноќни нуркања во Фетије и Мармарис.