Семејството на убиениот Грк тврди дека е лага дека е убиен од навивач на АЕК


Адвокатите на семејството на Михалис Кацурис, навивачот на АЕК кој беше убиен во хулиганските нереди во Атина, Христос Мавроматис и Ставрос Георгопулос ја пренесоа изјавата од семејството кое негира дека зад неговото убиството стои навивач на АЕК,. Според нив, таквите информации не соодветствуваат со реалноста, а обидите да се префрли вината на друга страна ги споредуваат со методите на Јозеф Гебелс во нацистичка Германија, пренесува Индекс.хр.

„Очигледно не го почитувате Михалис (за почитување на мртвиот мора да има душа). Очигледно немате почит кон неговото семејство.Очигледно немате почит кон оние кои се борат да ја откријат вистината (судиите). Но, ова искривување на реалноста навистина оди предалеку“ – стои во објавата од семејството на убиениот навивач на АЕК.

Грчката телевизија Скај  објави вест дека дел од полицајците сметаат дека е можно друг навивач на АЕК, кој бил покрај него за време на нередите да е одговорен за убиството на Михалис Кацурис.

„Бидејќи оваа верзија не одговара на реалноста, изјавуваме дека ќе ги искористиме сите правни средства за борба против секој што се обидува да ја измие одговорноста од полицијата и од, за секое општество, опасните нацистички хулигани од Хрватска, како и од нивните помагачи во Грција, секој кој се обидува да ги превиди или промени елементите на случајот, секој кој се обидува да прикрие трагичен настан и да го сведе на повреда од небрежност.

А, бидејќи не можеме да навлегуваме во детали поради тајноста на распитот, ве предупредуваме дека има цврсти докази против оваа последна верзија“, се вели во соопштението на адвокатот на убиениот Михалис Кацурис.