Семејна драма во Прилеп, двојно убиство и самоубиство на роднини


Двојно убиство и самоубиство вечерва се случило во Прилеп.Според неофицијални информации драмата се одвивала за време на семејна веселба. Вујко убил внук и татко на внукот, по што извршил самоубиство. Засега овие информации се непотврдени од институциите.

Според неофицијални информации, вооружениот маж – кој наводно бил вујко на една од жртвите – влегол во домот на своето семејство во близина на Центарот за социјални работи и отворил оган. Во нападот животот го загубиле двата члена од неговото потесно семејство.

Очевидци сведочат дека околу 15 часот започнало крвопролевањето, а доцна вечерта – полицијата била повикана на лице место, каде што се соочила со сериозна закана. Напаѓачот бил тешко вооружен, наводно фрлил и експлозивна направа (бомба), пукал кон полициски службеници, и подолго време ги држел во заложништво останатите членови од семејството.

По повеќечасовна драма, специјалните полициски единици го неутрализирале напаѓачот, кој според првични информации, сам си го одзел животот.

На местото на инцидентот е извршен увид, а се очекува Министерството за внатрешни работи да излезе со официјално соопштение и детали за мотивите зад трагедијата.

Ова е еден од најтешките семејни инциденти во Прилеп во последните години, кој уште еднаш ја отвора темата за психичкото здравје, семејното насилство и пристапот до оружје.

На терен во месноста каде се случил ужасниот настан имаше силно полициско присуство. Утрово дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 12-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.

„Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење“, стлои во официјалното соопштение.