„Секоја измината година е подарок“: Кевин Костнер наполни 68 години
САД- Кевин Костнер во средата го одбележа својот 68-ми роденден со едноставна порака до своите обожаватели дека „секоја измината година е подарок“.
„Не верувајте што велат за стареењето“, напиша ѕвездата на „Јелоустоун“ во кратка објава на социјалните мрежи. „Секоја измината година е подарок, а со текот на времето станува се подобар и подобар. Ви благодариме за роденденските желби“.
Роденденот на актерот од „Dances With Wolves“ доаѓа откако Костнер не можеше да го напушти својот дом за да присуствува на доделувањето на наградите „Златен глобус“, бидејќи се засолни дома поради силните поплави во округот Лос Анџелес.
„Вчера моравме да ги извлечеме децата од училиште во Санта Барбара“, рече Костнер во видеото на Твитер пред доделувањето на наградите на 10 јануари. „Ова е втор пат во последните пет години автопатот да се поплави, да се најдеме на погрешната страна од градот и не можевме да се вратиме синоќа.