Секој користи спреј WD-40, но речиси никој не знае што значи кратенката

Веројатно барем еднаш во животот сте користеле спреј WD-40 – познатиот производ кој одамна ги напушти границите на работилниците и гаражите и стана неопходен сојузник во домаќинството. Некогаш наменет исклучиво за возачи и механичари, денес го користат и домаќинки, па дури и љубители на трикови за одржување на домот.
Она што сè уште изненадува многумина е неговото име. Кратенката WD е кратенка за Water Displacement (Поместување на вода), додека бројот 40 го означува бројот на обиди потребни за да се создаде совршената формула. Спрејот за прв пат е воведен во 1953 година, а го измислил хемичарот Норм Ларсен во мала лабораторија во Калифорнија. Првично, се користел за заштита на надворешната обвивка на американската ракета Atlas од корозија, а во 1958 година влегол во поширока употреба. Денес е достапен во 187 земји низ целиот свет.
А што може да направи WD-40 во секојдневниот живот? Еве неколку изненадувачки трикови:
Ја чисти WC школката
Испрскајте ја внатрешноста на WC школката, почекајте една минута, а потоа истријте со четка. Состојките на WD-40 брзо и без напор го раствораат бигорот и нечистотијата.
Чевлите и чизмите стануваат водоотпорни
Тенок слој од спрејот WD-40 ги штити обувките од влага. Спречува навлегување на вода, а во текот на зимата ги отстранува и грдите бели дамки од сол. Само избришете го со крпа и вашите чевли ќе изгледаат како нови.
Отстранување на гума за џвакање од косата
Ако имате ваква мала незгода, нема потреба да ја шишате косата. Испрскајте WD-40 директно на гумата за џвакање и внимателно исчеткајте ја. Само внимавајте спрејот да не ви биде блиску до очите и секогаш работете во добро проветрено место.
Ги отстранува налепниците од стакло
Залепените и избледени налепници на прозорците или стаклените површини повеќе не се проблем. WD-40 го разградува лепилото, па по неколку минути лесно можете да ги отстраните со шпакла или пластична стругалка.
Oтстранува супер лепак
Супер лепилото се смета за најтврдоглав предизвик, особено на прстите. Испрскајте WD-40, втријте го и лепилото ќе исчезне. Истото важи и за другите површини во куќата.