Седум банки контролираат 80 отсто од пазарот во Србија, се очекуваат и нови аквизиции


Седумте најголеми банки во Србија контролираат речиси 80 отсто од домашниот пазар. Кога се ќе се собере добивката, на пет банки отпаѓаат четири петтини од вкупната банкарска заработка, годишно. Причината се ниските каматни стапки и дигитализацијата кои се попогодни за оние со повеќе клиенти. Помалите се принудени да се борат за опстанок нудејќи специфични услуги за целните клиенти, пишува РТС.
Трендот на проширување најавува дека наскоро ќе има десетина поголеми и неколку помали. Последното во низата аквизиции беше преземањето на Креди Агрикол од Рајфајзен банка, Комерцијална и НЛБ банка се споија, а унгарската ОТП ги купи Сосиете и Војводјанска банка. Се најавуваат и некои нови аквизиции.

Светскиот стандард е една банка на милион жители – во Србија има уште многу. Пред две децении ги имаше околу стотина, на некои им беа одземени лиценците, а други добија помоќен сопственик. 

„Тоа е реално според бројот на корисници. И ние имаме олигополски пазар каде што имаме големи играчи, оние пет-шест банки кои го држат најголемиот дел од пазарот – 70, 80 проценти и мислам дека судбината на малите банки од тој агол ќе биде насочена кон некој пазар, кој може да им биде интересно и привлечно, тоа е нешто што постои на запад како микрокредитна институција – дека сте ориентирани кон микро, мали компании, средни претпријатија и дека таму ја гледате вашата перспектива“, објаснува Зоран Грубишиќ, професор на белградската академија за банкарство. 

Што значи заминувањето или спојувањето на банките за просечниот корисник? Народната банка на Србија тврди дека тоа не значи ништо и дека помалку банки нема да значат помалку квалитетна услуга.

„За секоја промена на цените на услугите, банките се должни однапред да го информираат клиентот и клиентот да се согласи со тоа. Значи, овие статусни промени секако не влијаат на промената на цените на услугите, а помал број банки од сегашните 23, пазарот е сè уште конкурентен и банките имаат избор да ја изберат банката што најмногу им одговара“, вели Дарко Саменковиќ генерален директор на Секторот за банкарска супервизија.

Покрај спојувањата и стратегиите, банките имаат и нов предизвик. Инфлацијата се повеќе му се заканува на светот и ја притиска монетарната политика да ги зголеми клучните каматни стапки. Европската централна банка засега не се одлучува на ваков потег, а така е и во регионот.