Се запали објект со хаварисани возила во скопско, две лица завршија во болница

Објект со хаварисани возила вчера бил опожарен во скопско.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а поради вдишување на чад на две лица им била пружена лекарска помош, информираа од полицијата во дневниот билтен.