Се влошува епидемиолошката состојба во Италија


 

Во последните седум дена во Италија се бележи влошување на епидемиолошката состојба, пишува онлајн весникот „Фанпејџ“, која ги пренесува податоците од Министерството за здравство. Процентот на заразени со корона вирус, во однос на тестирание расте како и индикаторот на брзината на ширење на Ковид-19, кој се добива врз основа на 21 параметар.

Епидемиолошката ситуација се смета дека е под контрола се додека Рт е под 1, а во повеќето италијански региони Рт е над 1, додека во северниот регион Венето е „многу висока“.

Во последните 24 часа бројот на новозаразени надмина 17 илјаси, а од заразата со Ковид-19 починаа 414 пациенти.

Владиното координационо тело, составено од стручњаци од Министерството за здравство и Високиот институт за здравје, а кое го следи развојот на пандемијата, предупредува дека во Италија „ситуацијата е деликатна и може да биде вовед во фаза на брзо ширење на корона вирусот наредните недели.“

Владата разгледува нови мерки на ограничување и најавува дека, поради епидемиолошката ситуација, од понеделник пет региони повторно ќе бидат во ткн. „црвена“ зона, односно на сила ќе бидат силни анти-ковид мерки.