Се урна зграда во Турција: Луѓе заробени во урнатини, снимката е застрашувачка (видео)
Најмалку пет лица останаа затрупани под урнатините кога денеска се урна четирикатница во Турција, соопштија турските власти.
Сè уште не е позната причината за уривањето на зградата во градот Коња, кој се наоѓа на околу 260 километри југоисточно од главниот град Анкара, пренесе АП.
Две лица се извлечени од урнатините со повреди, јави приватната новинска агенција ДХА.
https://twitter.com/a_social_medya/status/1882858349030723987?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1882858349030723987%7Ctwgr%5E4a5e1cfd490a073c33ec33a66a50162b597e28ec%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fsvet%2F97555%2Fsrusila-se-zgrada-u-turskoj%2Fvest
Гувернерот на Коња, Ибрахим Акин, рече дека пет членови на едно семејство најверојатно сè уште се заробени во зградата.
Екипите за итни случаи испратени на местото на несреќата користеа специјални уреди за слушање за да ги лоцираат можните преживеани, додава DHA.
Can kaybı yaşanmaması dileğiyle çok geçmiş olsun Konya😞#Konya pic.twitter.com/flu5ZZHjTN
— Buluttt (@bulutt_arikann) January 24, 2025
Пред 21 година, во Коња се урна станбена зграда од 12 ката, при што загинаа 92 лица, а околу 30 други беа повредени.
Структурните недостатоци и негрижата беа обвинети за колапсот во тоа време.