(Видео) Се урна дел од мост на автопат во Кина, четири лица загинаа


Четири лица загинаа при уривање на дел од мост во градот Ежоу, во кинеската провинција Хубеи.

Мостот се урна над автопатот, при што три камиони пропаднале и под себе згмечиле едно возило.

Во тек е истрага за инцидентот, а за време на несреќата се изведувале работи на мостот.