Се уриваат статуи на Колумбо и Џеферсон Дејвис

Статуи на Кристофер Колумбо и поранешниот претседател на Конфедеративните Американски Држави, Џеферсон Дејвис беа урнати за време на протестите против расизмот и полициската бруталност во сојузните држави Минесота, Вирџинија и Масачусетс.
Искршена е главата од статуа на Христофер Колумбо во Бостон, соопшти полицијата синоќа, по повици на демонстранти за отстранување на статуи кои се знак на сеќавање на колонизатори и робовладетели, што ги зафаќаат САД по протестите против расизмот.
Статуа на Колумбо, исто така, беше вандализирана во центарот на Мајами, а друга беше отстранета и фрлена во езеро во неделата во Ричмонд, Вирџинија.
Демонстрантите со помош на јажиња ја урнаа бронзената статуа на Колумбо во градот Сент Пол во Минесота. Демонстрантите наведоа дека според нив, Колумбо е симбол на геноцид врз Индијанците. Додадоа дека неколкупати се обиделе да ја отстранат статуата преку политички процес, но не успеале.
Државните патролни војници, со шлемови што го обезбедуваа комплексот Капитол во Минесота, стоеја на оддалеченост, и не се обидоа да ги запрат демонстрантите, кои подоцна го прославија уривањето на статуата пеејќи индијански песни.
Сличен инцидент се случи во Ричмонд, каде демонстрантите ја урнаа статуата на претседателот на Конфедерацијата Џеферсон Дејвис.
Минатата недела гувернерот на Вирџинија нареди отстранување на статуа на еден од хероите на Конфедерацијата, генерал Роберт Лиј.
Во исто време американскиот претседател Доналд Трамп е против идејата за преименување на воените бази, кои носат имиња на генерали на Конфедерацијата.
– Некои предложија да се преименуваат десет легендарни воени бази, напиша Трамп на Твитер, при тоа додавајќи оти тие се дел од историското наследство и дека дури не ни разгледува таквата можност.
Тој побара почитување на армијата.
Десет бази на копнените сили, сите лоцирани во јуќниот дел на САД, именувани се по поранешни генерали на силите на Конфедерацијата.
Апелите за менување на имињата на базите уследија по бранот протести во САД против расизмот и полициското насилство.