Се предаде и вториот малолетник осомничен за убиството на Мијатовиќ
И вториот малолетник, кој е осомничен дека заедно со уште едно малолетно лице учествувале во нападот и убиството на Ѓорѓе Мијатовиќ во парк во Вождовац, е уапсен. Тој самиот се предал во полициската станица во присуство на родителите и адвокат.
Малолетникот е идентификуван како Н.З. (17) . Двајцата малолетници ќе одговараат за тешко убиство.
Утрово 16-годишниот напаѓач кој претходно беше пронајден и уапсен, беше сослушан пред судијата за малолетници на Вишиот суд. Вишото јавно обвинителство во Белград предложи да му биде одреден притвор за да не влијае на сведоците кои ќе бидат сослушани во текот на истрагата, поради опасност да го повтори делото доколку биде пуштен на слобода, како и поради вознемиреност во јавноста, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Белград.
Починатиот Ѓорѓе Мијатовиќе е помлад брат на Војин Мијатовиќ, министер во Владата на Босна и Херцеговина.
Тој живеел во зградата во близина на паркот каде се случи злосторството. Според неофицијални информации и изјави на очевидци, Мијатовиќ бил нападнат од малолетниците кои, според соседите, претходно го малтретирале неговиот син.
Му ја земале топката, по што детето се пожалило на таткото. Мијатовиќ се симнал во паркот и им рекол да го остават неговиот син на мира, по што бил брутално нападнат и претепан, а се здобил со тешки повреди на главата.
Според српските медиуми Мијатовиќ имал најмалку шест удари во главата, од кој еден во пределот на слепочницата поради што напукнал черепот. Бил веднаш однесен во болница но им подлегнал на повредите уште пред лекарите да можат да ги извршат испитувањата и снимаењата.