Се повлекува водата во Белгија: Повеќе од 30 мртви, се трага по 163 лица


 

Во историските поплави во Белгија, од средината на неделава, има 31 жртва, според официјалните податоци, кои вечерва ги објавија властите, кои додадоа дека операцијата за спасување е завршена.

„Нема повеќе опасност во погодените подрачја. Операциите за спасување се завршени, но потрагата и понатаму трае во повеќе зони“, објави белгискиот кризен ценатр во сооппштението од неделата вечерта.

„Во тек се работи за расчистување и процена на материјалната штета кои нѝ се во центарот на вниманието“, прецизира истиот извор.

Се трага по 163 лица

Споре податоците од саботата вечерта имаше 27 жртви. Кризниот ценар додаде дека денеска „163 граѓани се сметаат за исчезнати, споредено со 103 од саботата“.

Во поплавените подрачја, главно на југот и истокот од земјата, полицајците ги проверуваат куќите и бараат луѓе.

Многумина сега се без можност за комуникација поради губењето на телефонските врски или нема како да ги наполнат телефоните, додека други луѓе во болница се без лични документи.

Престана дождот, се повлекува поплавата

Времето се смири кога престана да врне дожд во петокот, а нивото на водата паѓа и открива пустош.

Во Пепинстер, најпогодената општина во земјата, повеќе од 1.000 луѓе мораа да ги напуштат домовите.

Денеска, нешто повеќе од 37.000 домаќинства и понатаму беа без струја, а 3.600 без гас.