Се породи мајката на исчезнатата Данка Илиќ


Мајката на убиеното девојче Данка Илиќ, Ивана, се породи и роди момче.

Како што се дознава, мајката и бебето се добро, а тоа го потврди и Ивана.

„Што се однесува до случајот со Данка, апсолутно ништо не знаеме. Немаме информации, се породив, родив син, и бебето и јас сме добро“, кратко изјави Ивана.

За потсетување, двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по десетдневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ од Бор, кои се осомничени дека со автомобил ја удриле девојката, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.

Телото на девојчето сѐ уште не е пронајдено.