СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги турна граѓаните во сиромаштија

Опозициската СДСМ денеска ја обвини власта дека ги осиромашува граѓаните, откако ССМ ги објави најновите податоци за синдикалната минимална кошница.
Животот станува уште поскап, инфлацијата притиска а куповната моќ на граѓаните е срушена”, вела од СДСМ.
Синдикалната минимална кошничка за јули е повторно зголемена и достигна 65.328 денари, што е нов удар по џебот на граѓаните.
За само еден месец, основните трошоци за живот пораснале за 630 денари, а за три месеци растот е дури 2.637 денари.
Најголем е порастот повторно кај храната и пијалоците.
На едно четиричлено семејство во јули му се потребни 23.682 денари за да купи храна.
Пеколни податоци ресгистираше и статистиката на почеток на месецот.
Годишната инфлација е зголемена на 4,5 %.
Според СДСМ овие поразителни бројки се резултатот од една година владеење на ВМРО ДПМНЕ – целосно промашена, аматерска економска политика.
“Ова е показател за целисниот дебакл на економските политики на Владата”, Велат од СДСМ.
Од опозициската партија додаваат дека се потребни конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и итно покачичување на платите на работниците.
“Но оваа влада си мисли на на себе и на сопствените потреби со што ја загрозува економската сигурност на секое семејство во земјава”, Велат во соопштение од СДСМ.