СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ нема собрано потписи за Силјановска


Втора шанса за Гордана Силјановска-Давкова (Фото: Б. Грданоски)

 

Приказната зошто ВМРО-ДПМНЕ ја предложи Гордана Силјановска-Давкова за кандидат за претседател со потписи на пратеници, а не на граѓани, продолжува и денес. СДСМ преку пратеничката Лидија тасеваска тврди дека ВМРО-ДПМНЕ, вусшност и не собрало потписи за Силјановска-Давкова (партијата тврдеше дека имало 28.000 потписи).

„ДПМНЕ се фатени во нова лага, немаат собрани валидни, законски потписи за нивната канадидатка, Гордана Силјановска. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење невистини.

ДПМНЕ, помпезно на прес-конференции се фалеа дека за неколку часа биле собрани потписи, и тоа повеќе од потребните.

Но, се покажа дека не е така. ДПМНЕ, повторно ги излажа граѓаните. Како што ги лажираат анкетите така се обидоа да го лажираат и собирањето потписи.

Бидејќи немаат собрано валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.

Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.

Силјановска е само продолжена рака на нејзината партија. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов. Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“, рече Колевска.