СДСМ: Реализацијата на капиталните инвестиции е само 26 проценти


Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во првите 6 месеци има катастрофални 26 проценти реализација на капиталните инвестиции, посочува СДСМ во соопштение од прес-конференцијата на Јовица Јанковиќ.

„Ова не е само катастрофална бројка. Ова е показател, доказ за целосна институционална неспособност на Владата и промашени економски политики“, изјави Јанковиќ, додавајќи дека во споредба со истиот квартал од минатите години, реализацијата на капиталните инвестиции во првите шест месеци од оваа година е преполовена.

Според него, во времето на СДСМ, во истиот период од 2023 и 2024 година, реализацијата изнесувала над 60%.

„Со ВМРО-ДПМНЕ имаме огромен пад, кој со себе повлекува последици по целата економија затоа што Капиталните инвестиции се едни од најважните алатки за економски раст. Дополнително загрижувачки е што  парите со кои власта се задолжува не се ефектутуираат за проекти туку се трошат ненаменски за покривање буџетски дупки“, изјави Јанковиќ.