СДСМ: Мицкоски троши за реклами колку една синдикална кошничка


Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, на социјалните мрежи напишпа дека премиерот Христијан Мицкоски  плаќа повеќе од една минимална плата за спонзорирање пропагандно видео на Фејсбук:

-Додека Мицкоски се иззема себеси од преговорите за покачување минимална плата, тој лично плаќа повеќе од една минимална плата за спонзорирање негово пропагандно видео на Фејсбук.
Додека Мицкоски троши речиси цела синдикална кошничка за реклами, го убедува народот дека цените на производите и не биле толку високи, а во синдикалната кошничка имало производи за луксузирање…Мицкоски можеби нема за цреши, ама има за спонзорирани постови.Секако, ваквото расипништво воопшто не изненадува кога доаѓа од премиер чиј советник е Зоран „немаме за леб, а трошиме за чоколадо“ Ставрески, напиша таа.