СДСМ: Мицкоски ја промашил емисијата, мислел учествува во „Само лаги“
-По којзнае кој пат Мицкоски покажа дека не го интересира ниту здравјето, ниту интересите на граѓаните, ниту интересите на државата.
Негов единствен интерес е да ги брани криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и да дејствува по нарачките од Будимпешта во бесконечни обиди да го закочи напредокот на државата и затоа шири лажни вести и дезинформации каде ќе стигне.
Мицкоски глуми загриженост за јавното здравје, а организира јавни собири на кои масовно се кршат мерките за заштита од коронавирусот. Глуми загриженост за стандардот на граѓаните, а се противи на сите мерки што значат повеќе пари во домашните буџети. За таквото негово неодговорно и антидржавно дејствување Мицкоски е трипати казнуван од страна на граѓаните на избори.Единствениот исправен потег што губитникот Мицкоски може да го стори е да го одржи ветувањето и да си даде оставка откако не победи на изборите и не успеа да формира влада, стои во реакцијата на СДСМ.