Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вредна 13 милиони евра


Кети Штерјова од СДСМ на прес-конференција ја откри, како што рече, целата бизнис мрежа на премиерот Христијан Мицкоски повикувајќи го Јавното обвинителство да реагира. 

-Ја разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од институции како Регулаторна, РЕК, Развојна банка, па се до оф шор структури на Кипар. Поминаа шест месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо, рече Штерјова. 

Според неа, се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, се молчи за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ и се вмрежуваат директно со Владата преку министерката Сања Божиновска. Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо.

Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра. Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја.Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра. А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group.Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја. Кој е клучниот линк до Руднап?Сања Божиновска, министерката на Мицкоски за енергетика.Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа.

Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.„Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија.„Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика. Затоа што сè е бизнис за Мицкоски, порача Штерјова.