СДСМ: Мицкоски ги рехабилитира насилниците од 27 април


СДСМ реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со настаните од 27 април 2017 година, обвинувајќи го дека се обидува да ја рехабилитира, како што наведуваат, „насилната група“ која упадна во Собранието.

Во соопштението се наведува дека Мицкоски настаните од 27 април ги нарекол „политички монтиран случај“ и дека таквите изјави претставуваат, како што велат од СДСМ, опасна ревизија на фактите.

Од СДСМ посочуваат дека 27 април бил обид за насилно загрозување на уставниот поредок и напад врз институциите, при што биле загрозени пратеници, новинари и вработени во Собранието, стои во соопштението.

„Тие беа осудени врз основа на докази, а не политички одлуки“, се наведува во соопштението, со тврдење дека се прави обид за нивно прикажување како жртви.

Партјата додава дека не смее да се дозволи, како што велат, рехабилитација на насилните настани и лицата инволвирани во нив, оценувајќи дека станува збор за напад врз демократијата.

„27 април не е политички случај, туку напад врз демократијата“, порачаа од СДСМ во соопштението, додавајќи дека ќе продолжат да бараат одговорност и вистина. објави Скопје1.мк