СДСМ ги повика институциите да реагираат за набавката на автобуси што ја најави Мицкоски
СДСМ ги повика сите надлежни институции да го истражат случајот со најавената набавка на нови автобуси од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Вмешаноста на нелегалниот асистент по јавни набавки на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски треба да биде расчистена. Сите надлежни институции, Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство за организиран криминал, треба да постапат по јавно изнесените информации од страна на Мицкоски и да ги истражат.
Никаде во светот претседател на политичка партија не преговара за јавни набавки кои се во надлежност на единица на локална самоуправа. За секоја јавна набавка особено од ваков обем постојат законски процедури кои подразбираат јавен повик, тендерска документација и потоа избор на најповолен понудувач согласно критериумите.
Арсовска го прекина проектот Бас рапид транзит и се откажа од 70 милиони евра, пари од Европската банка за обнова и развој. Тврдењето на Мицкоски дека понудувачот е веќе најден и дека се подготвува и тендерска документација укажува дека постои можност зделката да е веќе договорена на незаконски начин.Ова е исто како набавката на кинеските автобуси кога државниот буџет бил оштетен за пет милиони евра, порачуваат од СДСМ посиочувајќи дека за тој случај се водеа судски постапки.