Панчо од ДНК има изгореници и е на кислородна поддршка


Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка по пожарот во дискотелата „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК неговата сетра Јадранка Николовска.

Таа за СДК вели дека брат ѝ е вон животна опасност. Не знае што е со Андреј и останатите членови на бендот, пишува СДК.