Саудиска Арабија дозволи влез на луѓе вакцинирани со „спутник V“

Саудиска Арабија од јануари ќе им дозволи влез на лицата вакцинирани против корона вирус со „спутник V“, соопшти денеска Рускиот фонд за директни вложувања (РДИФ).
РДИФ наведе дкеа Кралството Саудиска Арабија дало одобрение за влез на лица вакцинирани против корина вирус со руската вакцина „спутник V“ о 1 јануари следната година, пренесе Тас.
Саудиска Арабија им се придружи на 101 земја кои одобрија влез на лица вакцинирани со „спутник V“ по долги разговори на Министерството за здравство на Саудиска Арабија и РДИФ, со поддршка на Министерството за инвестиции на Саудиска Арабија.