Саша Барон Коен предлага Марк Цукерберг да оди во затвор поради дезинформациите за короната


Саша Барон Коен и Марк Цукенберг

Комичарот Саша Барон Коен во неделата предложи извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг да биде затворен, откако претседателот на Соединетите Држави Џо Бајден изјави дека фирмите за социјални мрежи „убиваат луѓе“, поради ширењето на дезинформации за вакцините против Ковид-19 на нивните платформи.

„Претседателот е во право – Фејсбук убива луѓе“, објави на Твитер Барон Коен.

„Извршните директори се затвораат за помалку. Но, според американскиот закон, извршните директори на социјалните медиуми имаат речиси целосен имунитет, што е лудо“, додаде тој.

Тој повика на промена на законот за да „Марк Цукерберг и Фејсбук да бидат одговорни за смртта што ја предизвикуваат“.

„Погледнете, единствената пандемија што ја имаме е меѓу невакцинираните. И тие убиваат луѓе“, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа во петокот, запрашан за дезинформации на платформите на социјалните медиуми како што е Фејсбук.

Барон Коен, кој во последниве години често се спротивставуваше на Фејсбук, сподели изменета слика на која се гледаат Цукерберг и извршниот директор на Твитер, Џек Дорси во затворската ќелија, иако тој не го спомена вториот во твитот.

Фејсбук обично не забранува дезинформации целосно на својата платформа, наместо тоа, додава проверка на факти. Двата исклучоци беа околу изборите и Ковид-19.

Објавата на Саша Барон Коен на Твитер

Од почетокот на пандемијата, Фејсбук менува што дозволува на темата и што забранува. Во мај, тој објави дека повеќе нема да ги отстрани тврдењата дека Ковид-19 е вештачки произведен.

Во февруари ги забрани објавите кои лажно тврдат дека вакцините не се ефикасни или се токсични. (Според агенциите)