Сараево ja пречека 2025 со Северина, имаше 55.000 луѓе
Повеќе од 55 илјади луѓе од сите делови на Босна и Херцеговина и регионот синоќа ја исполнија улицата Титова во Сараево за да го прослават доаѓањето на Новата година заедно со Северина.
Северина на сцената излегла половина час пред полноќ. За време на нејзиниот настап, таа ја исполни една од најфреквентните улици во Сараево. Според информациите на МУП на кантонот Сараево, на концертот имало повеќе од 55 илјади луѓе.