Сара и Белисима со титули на изборот Top Model Earth во Тбилиси


Неодамна во Грузија првпат се одржа изборот за убавина Miss Top Model Earth, а две Македонки освоија титули.

Сара Дојчиноска ја освои титулата втора придружничка, а Белисима Лукарова титулата четврта придружничка. Победничка на изборот е претставничката на Украина.

 

„Изборот се одржа во елитниот хотел Biltmore во Тбилиси, во кој девојките беа и сместени и се подготвуваа за финалната вечер. 
Ова е нов избор, се одржа првпат, а е во организација на либанска продукција, но со тенденција да стане традиционален“, ни изјави Мики Црнокрак.

Двете девојки кои ја претставуваа Македонија се дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за убавина и модели.