„Самсунг“ оваа година ќе претстави уникатен паметен телефон со тројно преклопување


Минатата година Huawei го запрепасти целиот свет со својот тројно преклопен смартфон Mate XT, кој всушност има три дела и се преклопува на две места. Од претставувањето на овој уред се шпекулираше кога некој друг производител ќе лансира сличен уред на пазарот, а сега стигна и одговорот.

Во втората половина на 2025 година, Samsung ќе претстави смартфон со тројно преклопување, кој ќе биде достапен во многу ограничени количини. Извештаите од Јужна Кореја сугерираат дека помалку од 300.000 единици ќе бидат достапни за купувачите.

Причината за тоа е неверојатно комплицираното производство на уреди од овој тип, но Samsung дефинитивно ќе најде начини да го зголеми својот производствен капацитет доколку уредот се покаже како исклучително успешен.

Од друга страна, би можело да биде тешко бидејќи овој паметен телефон ќе биде најскапиот преклопен уред на Samsung во историјата. Екраните ќе бидат произведени од Samsung Display, а се очекува да се преклопуваат на поинаков начин во споредба со Huawei Mate XT. Кога мобилниот телефон е целосно затворен, екранот нема да биде изложен на ниту една страна. Целта на ова е да се подобри издржливоста.

Големината на екранот ќе се разликува поради новиот механизам за преклопување, ќе биде 10,5 инчи кога ќе се отвори на левата страна или 12,4 инчи кога ќе се отвори на десната страна. Смартфонот нема да има камера под екранот.