Самоодржлива „куќа на тркала“ – прв целосно соларен кампер во светот, има досег 735 километри
Футуристичкото возило има лизгачки покрив покриен со соларни панели кои обезбедуваат доволно енергија за безгрижно возење …
Група од 22 студенти кои работат под името Сончев тим Ајндховен штотуку го претставија Стела Вита, првиот кампер во светот кој е целосно на соларен погон. Футуристичкото возило има сончев покрив покриен со соларни панели кои обезбедуваат доволно енергија за безгрижно возење.
Стела Вита, која тимот ја нарекува самоодржлива „куќа на тркала“, е дизајнирана како капка, но не од естетски причини, туку за да се направи доволно простор за соларните панели. Внатре е опремен со простор за готвење и фрижидер, кои работат на сончева енергија, како и тоалет, софа и кревет за двајца возрасни.
Иако нема детали за батеријата или погонот на камперот, Solar Team Eindhoven тврди дека инсталацијата ќе произведе доволно енергија за 730 километри во сончев ден, доколку употребата на уредот се сведе на минимум.
Но, потребни се два до три дена за целосно полнење на мобилниот дом, па затоа е најсоодветен за лежерни патувања со долги запирања.