САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС)
Американското Министерство за финансии денеска донесе одлука за воведување санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС), како што се очекуваше, јавија српските медиуми.
Конкретните мерки биле испратени до српскиот државен врв.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на состанок во Претседателството по овој повод повика неколку министри и целиот свој кабинет, како и сите експерти од енергетскиот сектор.
Одлуката на САД се очекуваше со денови. САД најавија санкции за компанијата НИС, кои ќе бидат сеопфатни и ќе не доведат во тешка ситуација, беше кажано на последната седница на српската Влада.
Србија има рок од 30 дена да ја разгледа ситуацијата. За Србија, како што беше истакнато, има неколку проблеми, а се издвојуваат два: проблеми во самото снабдување со нафтаи проблеми со Рафинеријата и Петрохемија и други гиганти кои директно ќе се одразат на економијата.
Во меѓувреме, Србија формираше два преговарачки тима, како и Координативното тело за снабдување со нафта.