САД одбележува 18 години од нападите во 2001 година
САД – Американците денеска ќе одбележат 18 години од терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон.
На комеморацијата ќе присуствуваат претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс.
Речиси 3.000 луѓе загинаа во нападите на 11 септември 2011 година на Ал Каеда во Њујорк и кај Пентагон.
Десет години подоцна, во мај 2011 година, американските сили го убија лидерот на Ал-Каеда, Осама бин Ладен, во операција одобрена од тогашниот претседател Барак Обама.