САД испраќаат трет носач на авиони на Блискиот Исток


Nосачот на авиони „Џорџ Х.В. Буш“

 

Џарод Ајген, директор на Националниот совет за енергетска доминација, изјави дека Вашингтон има намера да ја преземе контролата врз нафтените резерви на Иран. „Нашата цел е да ги извадиме огромните нафтени резерви на Иран од рацете на терористите“, рече тој во интервју за Фокс бизнис. Ајген, кој е во администрацијата на претседателот Трамп, додаде дека таков исход би имал долгорочни придобивки, бидејќи би ги ублажил ризиците поврзани со пратките на нафта преку Ормускиот теснец.

Портпаролот на Белата куќа, исто така, го наведе примерот на Венецуела, каде што акциите на САД на почетокот од оваа година доведоа до брзо зголемување на производството на нафта. Според Ајген, американската нафтена компанија „Шеврон“ постигна рекордно производство таму за само два месеци. Овие изјави дојдоа откако третиот американски носач на авиони се подготвува за распоредување на Блискиот Исток, задача за која американската морнарица вчера објави дека е завршена.

На 5 март, носачот на авиони „Џорџ Х.В. Буш“, заедно со група придружни бродови и борбени авиони, ги завршија вежбите потребни за учество во „мисии од национално ниво“ и сега чекаат распоредување на Блискиот Исток, се вели во соопштението.

Моментално во регионот дејствуваат две американски ударни групи, предводени од носачите на авиони „Абрахам Линколн“ и „Џералд Форд“. Првиот дејствува во Арапското Море, додека вториот е во Црвеното Море.