Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска!


Руското министерство за одбрана се огласи по упадите на руски дронови во полскиот воздушен простор, за што претходно извести Варшава.

– Целите на нападот се остварени. Сите одредени цели беа погодени. Ниту една цел на територијата на Полска не беше планирана како мета, се наведува во соопштението на министерството.

Тие додаваат дека дострелот на руските беспилотни летала користени во нападот, кои наводно ја преминале полската граница, „не надминува 700 километри“.

– Сепак, подготвени сме да одржиме консултации со полското министерство за одбрана по ова прашање, наведе руското Министерство за одбрана.

Кремљ одби да коментира за инцидентот, со порака дека тоа е прашање за функционери од одбраната.