Руските сили ќе престанат да пукаат, подготвени се коридори за Киев и други градови
Руските сили соопштија дека ќе престанат да пукаат почнувајќи од 10 часот по московско време денеска и се подготвени да обезбедат коридори за цивилите да можат да се евакуираат од Киев и четири други градови.
– САД ќе испратат две противракетни батерии „Патриот“ стационирани во Европа во Полска за да ја зајакнат својата одбрана од напади.
– Руската војска решава некои од своите логистички проблеми и би можела да изврши напад врз Киев за неколку дена, според експерти.
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше опишан како херој од британскиот печат, откако тој се повика на борбата против нацизмот во видео обраќање до пратениците во Лондон за да направи повеќе за да помогне во заштитата на неговата земја.
– Украина ја обвини Русија дека го прекршила договорот за прекин на огнот, со гранатирање на рутата наменета да им овозможи на цивилите да избегаат од опколениот град Мариупол. Жителите на пристанишниот град живеат без греење, вода, санитарни системи и телефони.
-Потезите на Северноатлантската алијанса предводена од САД се причината што доведе до „критична точка“ на тензиите меѓу Русија и Украина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијиан.
– САД го забрануваат увозот на руска нафта „за да му нанесат дополнителна болка на Владимир Путин“, изјави Џо Бајден. ЕУ не се приклучи на забраната, но британската Влада вети постепено укинување на увозот на руска нафта до крајот на годината.
– Европа мора да престане да зависи од рускиот гас, се согласија европратениците доцна синоќа за време на дебатата за растот на цените на енергијата, по одлуката на САД да воведат ембарго на руската нафта и гас и слични одлуки на Лондон за постепено укинување на увозот до крајот на 2022 година.
-Работата во Русија ја прекинуваат Пепси, Кока-Кола, Старбакс, Мекдоналдс, Хајнекен…