Руските „хуманитарни коридори“ водат кон Русија и Белорусија
Русија се обидува да манипулира со украинските бегалци барајќи сите хуманитарни коридори да водат кон Русија или Белорусија, изјави денеска висок украински функционер.
Вицепремиерката Ирина Верешчук од Украина ја повика Русија да се согласи на прекин на огнот за да им дозволи на Украинците да се евакуираат кон западниот украински град Лавов. Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе го запре тековното пукање за да се отворат хуманитарни коридори од главниот град Киев, јужниот пристанишен град Мариупол и градовите Харков и Суми. Сепак, една рута од Мариупол и една рута од Суми водат до други украински градови, а останатите водат до Белорусија или Русија.
Ова се случува набргу откако договорот за прекин на огнот меѓу Русија и Украина пропадна во текот на викендот поради ескалацијата на насилството и гранатирањето, што ги врати Украинците назад во нивните домови.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди Русија во неделата навечер и рече дека неговата земја „ќе ги казни сите што извршиле злосторства во оваа војна“. Тоа се случи неколку часа откако осум украински цивили беа убиени додека се обиделе да побегнат од предградие на главниот град на Украина, Киев.
Весникот „индепендент“ ваквата руска фуманитарност ја нарече „најболна шегаа“ досега.
„Нивната најболна шега е понудата на Путин за спасувачки коридори за Русија и нејзиниот сојузник Белорусија. Замислете Русите да ви ги убијат децата и внуците, а потоа да ви понудат да ве одведат на безбедно?“- пишува „Индепендент“.