Рускиот министер за образование заразен со корна вирус

Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека министерот за образование на земјата е заразен со корона вирус.
Тоа е шести функционер кој доби Ковид-19 во текот на пандемијата.
Во Русија до сега заразени се повеќе од 250.000 луѓе, јави Ројтерс.
Но, властите јавија за намален раст затоа што известија дека бројот заразени денеска е помал од 10.000, првпат во две несели.
Министерот за образование Валери Фалков е четврт член на владата кој се зарази со корона вирус.
Путин на состанокот на владата кој се пренесуаше на телевизија разговараше преку видео врска со 42-годишниот министер и го праша како е. Овој рече дека е подобро и дека ќе се врати на работа.