Руски експерт: Неколку професии кои ќе бидат најбарани по пандемијата


Во блиска иднина без работа нема да останат ИТ професионалците и луѓето со средно образование, бравари, водоинсталатери.. смета рускиот експерт Роман Шкут.

Како што претпоставува Шкут, пандемијата може да доведе до појава на нови професии.

„На пример, во областа на безбедноста на храната. Не ќе бидат потребни само агрономи, туку и експерти кои можат да предвидат какви ќе бидат приносите“, изјавил тој за „Росискаја газета“.

Експертот истакнал дека уште сега луѓето можат да започнат со обука преку Интернет, да се запишат на курсеви или обуки на веб-страниците на услугите за вработување.