Руската амбасада го честиташе денот на македонската државност


Руската амбасада во Скопје се приклучи на честитките за Илинден и порача дека со овој празник се поставени темелите на македонската државност.
 
-Честитки до нашите македонски пријатели за државниот празник – Денот на Републиката! На овој ден им оддаваме почит на хероите на Илинденското востание во 1903 година и антифашистичките борци кои ги поставија темелите на современата македонска државност во 1944 година, стои во пораката на амбасадата.
 
Делегацијата на амбасадата предводена од амбасадорот Сергеј Баздникин учествуваше во свечениот настан по повод националниот празник Илинден пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.  Од таму порачаа: Вечна слава на храбрите македонски борци!