Русите го притискаат Бахмут, но Украина доби неочекуван „сојузник“


Во рововите: украински во Донбас (Фото: АФП)

Руските сили вршат притисок во офанзива на истокот на Украина, додека се обидуваат да го опколат малиот рударски град бахмут, каде во моментот се одвиваат најжестоките битки на украинското боиште.

Русија се обидува да ги прекине ранливите линии за снабдување на украинските бранители во градот и да ги натера да се предадат или да се повлечат. Тоа на Москва ѝ ја дава првата награда во повеќе од половина година и ѝ го отвара патот кон освојување на последните преостанати урбани центри во регионот Донецк.

„Непријателот постојано уништува сѐ што може да искористи за заштита на нашите положби за утврдување и одбрана. Нашите војници кои го бранат подрачјето околу Бахмут се вистински херои“, рече во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинскиот генералштаб соопшти дека Русија ги зајакнала своите сили во областа околу Бахмут и дека го гранатира населеното место и околината. Но, велат, временските прилики им се неочекуван „сојузник3.

Руските војници во донецката област цапаа во калливи ровови откако одненадеж потоплото време ја омекна смрзнатата земја.

„Двете страни остануваат на своите позиции, затоа што, како што гледател, пролетта значи кал. Затоа е невозможно да се оди напред“, рече командантот на украинските фронтални ракетни батерии.

Пролетното топење има историја на уништување на плановите војската да нападне преку тлото на Украина и западна Русија, претворајќи ги патиштата во реки, а полињата во непробојно мочуриште.

Западните земји велат дека неколку руски напади на Бахмут пропаднале плаќајќи висока цена.

„Таму се водат жестоки битки. Командата прави сѐ што може да го сопре непријателот да напредува низ наша територија”, вели за украинска телевизија, портпаролот на воената команда.

Од своја страна, Москва тврди дека уништила украинско складиште со муниција во близина на Бахмут и соборила ракети од американско производство и украински беспилотни летала.