Русија врши „масовно бомбардирање“ врз украинската енергетска инфраструктура


Руските вооружени сили денеска спроведуваат масовни напади врз енергетската инфраструктура на Украина, соопшти украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

„Инфраструктурата за дистрибуција на енергија и пренос на гас во неколку украински области повторно е изложена на масовно бомбардирање со дронови и ракетни напади“, напиша Галушченко на „Фејсбук“.